Стоперот на Хрватската репрезентација, Домагој Вида импресионираше на Мундијалот во Русија и сега му се смее трансферот на кариерата.
Вида во тандем со Дејан Ловрен одигра одлично во Русија и е еден од најзаслужните за пласманот на Хрватска во финалето. Изгледа дека Вида сега би можел да му се придружи на Ловрен и во клупските води, бидејќи Ливерпул не се откажува од неговиот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Бешикташ претходно доби понуда од Ливерпул за Вида во износ од 15.9 милиони фунти, но таа беше одбиена. Денеска турските медиуми соопштуваат дека Бешикташ доби нова, побогата понуда од Ливерпул и тоа во износ од 17.5 милиони фунти.
Сепак, Бешикташ наводно сака многу повеќе пари за Вида кој во турскиот клуб пристигна уште во јануари оваа година од Динамо Киев. Добрите игри на Вида на Мундијалот сигурно ќе му одат на рака на Бешикташ кој својот стопер ќе сака да го продаде поскапо, а изгледа дека „Црвените“ немаат намера така лесно да се откажат од неговото доаѓање на „Енфилд“.