Дома Топ вести На Барселона и се заканува банкрот!

На Барселона и се заканува банкрот!

На шпанскиот гигант Барселона и се заканува банкрот ако до почетокот на следната година не ја намали со 190 милиони евра сумата која ја клубот ја дава за плати, пренесуваат шпанските медиуми.

Поради кризата од пандемијата приходите на клубот се значително намалени и тоа се одрази врз финансискиот баланс во клубот. Поради тоа веќе неколку недели раководството ги моли фудбалерите да прифатат намалување на платите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Досега повеќе играчи категорично одбиваа, но тоа може да се промени со заминувањето на претседателот Бартомеу. Голем дел од фудбалерите сакаа да го „блокираат“ него, па затоа го одбиваа предлогот.

Откако Бартомеу даде оставка многу е веројатно раководството и играчите да стигнат до споразум, а крајниот рок за тоа е 5-ти ноември.

Во спротивно шпанските медиуми тврдат дека му се заканува банкрот на каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тешка повреда го вади најдобриот стрелец на Порто од Светското 2026

Напаѓачот на шпанската национална репрезентација и Порто Саму Омородион нема да може да зе…