„Газета дело Спорт“ денес открива дека еден од најдобрите фудбалери на Лацио од следната сезона ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.
Станува збор за холандскиот дефанзивец Стефан де Вриј, кој наводно веќе се договорил со „нероаѕурите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува раководството на Интер постигнало договор со агентот на Де Вриј за 5-годишна соработка според која фудбалерот ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Договорот на Де Вриј со Лацио завршува на крајот на сезоната, а двете страни веќе подолго време се во преговори, но не можат да најдат заеднички јазик. Клубот од Рим сака да го продолжи договорот со Холанѓанецот и во него да вметни открупна клаузула од 28 милиони евра.
Интер веќе има договор со играчот, но чека зелено светло од сопственикот „Сунинг“ за да го комплетира трансферот.