Дома Трансфер зона Најскапото промашување на Барса побара да замине од „Камп Ноу“

Најскапото промашување на Барса побара да замине од „Камп Ноу“

Португалскиот репрезентативец Андре Гомеш побарал трансфер од челниците на Барселона после доаѓањето на Филипе Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми.

Гомеш оваа сезона одигра само девет натпревари и на теренот помина само 258 минути, а со доаѓањето на Кутињо јасно е дека неговата минутажа додатно ќе се намали.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ако гледаме од финансиски аспект, Гомеш моментално е еден од најскапите резерви во светот. Тој пристигна на „Камп Ноу“ во 2016 година од Валенсија за 35 милиони евра плус додатни бонуси.

Барселона е спремна да му ја исполни желбата на 24-годишниот играч за врска, но за неговата слобода бара 25 милиони евра. Наводно најсилен интерес во моментов покажува Тотенхем, кој е спремен да плати 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…