Францускиот спортски магазин „Франс Фудбал“ објави листа на најплатените фудбалски тренери на денешницата и тоа на основа на нивната бруто заработка, спонзорси договори и премии.
Тренерот на Баерн Минхен Карло Анчелоти, менаџерот на Сити Пеп Гвардиола како и Јирген Клоп од Ливерпил се меѓу 15-те најплатени фудбалски стручњаци, а неприкосновен е секако Жозе Мурињо.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Интересен е податокот дека некои од оние кои најмногу заработуваат моментално не се занимаваат со тренерска работа. Иако работата на менаџер на Лестер ја загуби пред неколку недели, Клаудио Раниери и понатаму инкасира 9,5 милиони евра, што го позиционира на 13-та позиција на листата најплатени.
15. Фабио Канаваро (Тијанжин) – 8 милиони евра
14. Масимилиано Алегри (Јувентус) – 9 милиони
13. Клаудио Раниери (Лестер до февруари 2017) – 9,5 милиони
12. Арсен Венгер (Арсенал) – 10 милиони
11. Луј ван Гал (Ман. Јунајтед до мај 2016) – 10.2 милиони
10. Зинедин Зидан (Реал Мадрид) – 11 милиони
9. Луис Енрике (Барселона) – 11 милиони
8. Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) – 12 милиони
7. Андре Виљас-Боаш (Шангај) – 13,5 милиони
6. Јирген Клоп (Ливерпул) – 13,5 милиони
5. Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – 14,5 милиони
4. Карло Анлелоти (Баерн) – 15,8 милиони
3. Лоран Блан (ПСЖ до јуни 2016) – 20 милиони
2. Марчело Липи (селектор Кина) – 23,5 милиони
1. Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед) – 28 милиони евра