Приказната е вистинита, ако не сте ја слушнале, веројатно нема да верувате дека тоа се случило, но ова е вистинита приказна.
Непознат Сенегалец заигра во Премиер лигата, иако се работеше за момче кое не е ниту блиску до професионален фудбалер. Годината беше 1996, интернетот се уште не беше распостранет како денес, „You tube“ немаше, а мајсторот ја искористи наивноста на луѓето од Саутемптон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога ќе го запрашате легендарниот Мат Ле Тисиер кој е најлошиот фудбалер со кого играл во Премиер тој низ смеа ќе ви одговори, Али Диа.
Во времето кога Ле Тисиер настапуваше за Саутемптон никој во соблекувалната не смееше да го спомене името на Али Диа. Овој Африканец беше табу тема, нешто за кое не се зборува.
Што страшно се случило?
Беше 1996 година, Грем Соунес, тогашниот менаџер на Саутемптон доби повик. Од другата страна некој се претстави дека е легендарниот Џорџ Веа. Не ги понудил своите услуги, односно да премине од Милан во Англија, туку го советувал англискиот клуб да го доведат Али Диа, неговиот сонародник кој тогаш настапуваше за младите категории на ПСЖ и бараше нов клуб.
Воодушевениот Соунс призна, слушнал за Веа, чест му беше воопшто што разговара со таква ѕвезда, па Али Диа за неколку дена се појавил во Саутемптон и потпишал договор на еден месец.
Треба да го разбереме Соунс, го имаше мајсторот Ле Тисиер и останатите просечни фудбалери, негуваше англиски стил, а му беше потребен еден брз напаѓач од другиот континент.
Но, на првиот тренинг следуваше разочарување, Али Диа изгледал како аматер, а подоцна беше откриено дека и тоа е. Подоцна беше откриено дека одиграл два натпревари за еден клуб во петата лига, но бил отпуштен бидејќи не бил доволно добар за во конференцијата.
Внимавајте, во тоа време Премиер лигата не беше најсилна лига, но сигурно беше помеѓу првите три.
Соочен со повредите и суспензиите пред натпреварот со Лидс, Соунс беше приморан да го стави Диа на клупата за резерви иако имаше само еден тренинг на кој можеше да се забележи дека не е доволно добар. Диа требаше да игра за резервите против Арсенал, но натпреварот бил откажан поради поплавениот терен.
„На никого не му беше јасно, многумина сметаа дека Соунс се шегува, никој не очекуваше Диа да влезе во игра. Но, после половина час игра се повредив, излегов од игра, останав шокиран кога видов дека ме замени Али Диа“, се потсетува Ле Тисиер.
„Тој изгледаше изгубено на теренот, не знаеше каде треба да трча, се сомневам и дека освен десетина зборови знаеше нешто повеќе англиски. Беше и смешно и тажно да се гледа. Соунс пребледе, па после 15 минути во вториот дел резервата ја замени со нова резерва“, зборуваше Ле Тисиер.
Соунс молчеше, на никого не му беше дозволено да зборува за овој блам, секако кога ова му било раскажано на Веа тој одговорил дека не познава никаков Диа, па беше јасно дека овој фудбалер преку измама стигнал до Премиер лигата.
Денес изминуваат 20 години откако овој фудбалер заигра против Лидс и големата бламажа.
Англиските медиуми открија дека завршил факултет во Њукасл во 2001 година, но од тогаш му се губи секоја трага, „Гардијан“ објави еден текст во кој пишува:
„Местото на живеење на Диа не е познат. Ако си таму негде и ако го читаш ова, јави ни се…“
Сите би сакале да ја слушнеме и неговата верзија и начинот на кој го измами Соунс и нанесе голем блам на тимот на Саутемптон.