Дома Фудбал Лига на шампиони Најемотивната слика од вчерашното финале во Лигата на шампионите (ФОТО)

Најемотивната слика од вчерашното финале во Лигата на шампионите (ФОТО)

По шести пат во клупската историја Ливерпул се искачи на кровот на Европа, „црвените“ во финалето со 2:0 го победија Тотенхем.

Клубот од „Енфилд“ поведе уште на стартот со голот на Салах од пенал, а конечниот резултат го постави Дивок Ориги во 89-тата минута.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Помеѓу играчите кои се најзаслужни за овој исход сигурно е скапо платениот голман Алисон Бекер.

Бразилскиот голман беше фантастичен во текот на целата сезона, а вчера при резултат 1:0 имаше неколку одлични одбрани.

Токму Алисон вчера ја направи најемотивната слика во прославата. Додека играчите на Ливерпул славеа одличниот голман сакаше да биде што поблиску до својата сопруга и ќерка

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ал Хилал приреди најголема сензација на Светското клупско првенство (Видео)

Ал Хилал успеа да приреди големо изненадување и во осминафиналето на Светското клупско прв…