Во недела беше ставена точка на Серија А, а денес Италијаните го објавија идеалниот тим на првенството врз основа на статистиката која во целата натпреварувачка сезона ја водеше „Опта“.
Најголемо изненадување секако е што во идеалните 11 немаше место за Сергеј Милинковиќ Савиќ за кого ова лето ќе се боди жестока борба.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Опта“’ при правилата постави јасни критериуми (број на голови, број на асистенции, број на успешни дриблинзи и додавања…), а според нив ова е иделниот тим во Серија А:
Алисон, (Рома), Кансело (Интер), Шкриниар (Интер), Кулибали (Наполи), Алекс Сандро (Јувентус), Иличиќ (Аталанта), Жоржињо (Наполи), Пјаниќ (Јувентус), Дибала (Јувентус), Имобиле (Лацио) и Икарди (Интер).
Треба се спомене и дека одлична сезона имаа Мартенс, Џеко, Луис Алберто, Кваљарела...Но, за нив немаше место.
Најмногу преставници доаѓаат од Интер и Јувентус по три, Наполи има два и по еден од Лацио, Рома и Ааталанта.
