„Слем магазин“ едно од најпознатите спортски списанија објави листа на најдобрите 100 кошаркари во историјата на НБА лигата.
На првото место се наоѓа легендарниот Мајкл Џордан, а зад него следи „кралот“ Леброн Џејмс. На третата позиција се наоѓа Ирвин Меџик Џонсон, па неговиот соиграч Карим Абдул Џабар, а првата петорка се затвара со „црната мамба“, Коби Брајант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првите десет ги комплетираат Шекил О’Нил, Бил Расел, Вит Чемберлен, Тим Данкан и Лери Бирд.
При ваквите листи секогаш може да се дискутира и скоро секој си има свое мислење. Пример, овој магазин го стави Кевин Дуран на 13 место и тоа пред Џери Вест и „докторот“ Џулиус Ирвинг. Исто така, Стеф Кари се наоѓа на 19 позиција пред Двејн Вјед, Але Ајверсон, Кевин Гарнет, Дирк Новицки…
Кога ќе се погледне на дното, се забележува местото на Кармело Ентони – еден од најдобрите поентари во историјата на лигата се наоѓа на 95 место, додека еден од најталентираните играчи во историјата Пени Хардвеј се наоѓа на 92 позиција.
Расел Вестбрук се наоѓа 37 позиција, а Џејмс Харден на 60…Во продолжение погледнете ја целосната листа.