Дома Останати Кошарка Најдобрите петорки во НБА: Леброн го надмина Коби и продолжи да пишува историја

Најдобрите петорки во НБА: Леброн го надмина Коби и продолжи да пишува историја

НБА лигата денес ја објави идеалната петорка за сезоната која се наближува кон својот крај.

Првата петорка во најсилната лига во светот ја предводи Леброн Џејмс со рекорден 12 избор во идеалниот тим, пред Коби Брајант и Карл Малони кој се избирани по 11 пати.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Очекувано во најдобрата петорка се најде и Џејмс Харден кој е најдобар стрелец во лигата (30.4 поени по натпревар), тој е и најсериозен кандидат за МВП на сезоната.
Покрај Леброн и Харден место во најдобрата петорка добија уште Кевин Дурант (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) и Демијан Лилард (Портланд).

Интересно е што место во првата петорка немаше за Расел Вестбрук кој оваа сезона има трипл-дабл учинок од 25.4 поени, 10.3 асистенции и 10.1 скокови по натпревар.
Исто така покрај првата петорка беа познати втората и третата каде што исто така се наоѓаат голем број познати имиња.

Втората петорка ја сочинуваат: Ле Маркус Олдриџ (Сан Антонио); Џианис Антетокоумпо (Милвоки), Демар Дерожан (Торонто), Џоел Ембид (Филаделфија), Расел Вестбрук (Оклахома).

Трета петорка: Џими Батлер (Минесота), Стеф Кари (Голден Стејт), Пол Џорџ (Оклахома), Виктор Оладипо (Индијана), Карл-Ентони Тоунс (Минесота).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се памети: Ова е најлошиот настап во еден НБА плеј-оф!

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Кајл Кузма, го запиша официјално најлошиот настап во историјат…