Дома Фудбал Италија Најдобриот пријател на Алегри: Може да се врати во Јувентус

Најдобриот пријател на Алегри: Може да се врати во Јувентус

Maсимилијано Алегри во овој момент е без ангажман, но многу брзо би можел да се врати во клупскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Враќањето на Алегри го најави неговиот близок пријател Џовани Галеоне кој даде изјава за „Тутоспорт“.

„Се слушнав со него пред неколку дена и сигурно ќе се врати на клупскиот фудбал во јуни. По неговиот глас заклучив дека е навистина одлучен. Пред околу една година ќе ја исклучев можноста за негово враќање во Јувентус, но сега мислам дека големи се шансите да се врати“, изјави Галеоне.

„Не знам дали Ањели ќе биде претседател, тие се големи пријатели, но и сопствениците можат да му се јават на Алегри и да побараат да се врати во Јувентус. Макс не се огласува во медиумите затоа што има нешто големо во раце и не сака да излезе во јавност“, додаде Галеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …