Минатата сезона беше како сон за Грузиецот Кварацхелија. Во својата прва сезона во Наполи, тој беше најдобриот играч на тимот што му ја донесе долгоочекуваната шампионска титула по 33 години. На Кварацхелија му беше доделена наградата за најдобар играч во Серија А.
Франс Фудбал го стави во потесниот избор за Златната топка и младиот крилен напаѓач пристигна во Париз на церемонијата на која Лео Меси беше ѕвезда на вечерта.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Актуелниот светски шампион ја доби осмата Златна топка, а најде време и да се сретне со Грузиецот кој беше 14 години помлад, што го воодушеви Кварацхелија.
“На церемонијата на доделување на Златната топка, Меси седеше од мојата десна страна. За време на паузата за реклами, бевме предупредени да не стануваме и да се движиме многу наоколу.
Тој одеднаш стана и тргна кон мене, не разбрав што се случуваше, тој ја подаде раката и се ракуваше со мене.
Навистина го ценам тоа, тој е неверојатна личност“, изјави тој за грузиските медиуми за време на репрезентативната пауза.