Дома Македонски спорт Мак фудбал Најдобрата македонска судија ќе дели правда на Мундијалот за фудбалерки до 20 години

Најдобрата македонска судија ќе дели правда на Мундијалот за фудбалерки до 20 години

Нашата најдобра судијка, Ивана Пројковска продолжува да ја претставува нашата федерација на највисоките нивоа на меѓународниот фудбал. Неодамна, доби признание и обврска да биде дел од арбитрите на Светското првенство за жени до 20 години кое денеска започнува во Колумбија.

Новото признание за Ивана Пројковска ја истакнува нејзината посветеност, бидејќи повторно е дел од големо натпреварување и важен турнир, покажувајќи го значењето на нашите официјални лица на светската сцена.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Северна Кореја и Аргентина ќе го суди Ивана Пројковска, а нејзини асистентки се Линда Шмид (Швајцарија) и Камил Сориано (Франција).

На Светското првенство во Колумбија, ФИФА за прв пат ќе користи технологија Football Video Support (VS), поедноставена алтернатива на видео помошните судии (ВАР), бидејќи Светската фудбалска асоцијација продолжува да ја поттикнува употребата на технологија за да им помогне на судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…