Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но испадна една од најлошите инвестиции во историјата на клубот.
Тој е означен како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот со оглед на сумата која „црвените ѓаволи“ ја платија за него.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Оваа сезона одигра само 27 минути во Премиер лигата и јасно е дека за него нема место во тимот на „црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Бразилецот и е спремен да го испрати на позајмица во јануари, а и самиот фудбалер е отворен да ја промени средината.