Своевремено Коби Брајант беше можеби најомразениот лик во Бостон и често пати знаеше да ги разочара навивачите на Селтикси.
Ривалството помеѓу Лејкерси и Селтикси важи за најголемо во НБА и донело многу епски натпревари. Колку Брајант е голем покажува и тоа што и кај ривалот беше почитуван.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Бостон му оддаде почит на големиот ривал. Изминатата ноќ арената во Бостон беше обоена во златно-виолетова боја и имаше 24 секунди молчење пред почетокот на натпреварот со Голден Стејт. Потоа беше прикажано и видео во чест на Коби.
The Boston Celtics pay tribute to Kobe Bryant, his daughter Gianna, and all of the lives lost on Sunday. pic.twitter.com/RTdw7ws6oo
— NBA (@NBA) January 31, 2020