Сите непрестајно следиме што ќе се случи со Кристијано Роналдо.
Португалскиот фудбалер би можел дури и денес да го заврши трансферот во Јувентус доколку сите документи бидат подготвени, а до тогаш има уште некои наговестувња кои говорат дека до трансфер навистина ќе дојде.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од највлијателсните новинари на светот кога се работи за трансферите, Џанлука Ди Марсио објави дека Јувентус се надева дека Хорхе Мендеш денес ќе ја заврши работата и дека Кристијано Роналдо ќе се појави на прегледи во тој клуб.
Не е тоа се, пишува дека Роналдо го контактирал Карло Анчелоти, својот некогашен тренер во Реал Мадрид кој сега го предводи Наполи, и го прашаал како е да се игра во Италија.
Ди Марсио напоменува дека постојат повеќе докази од вчера дека 33-годишниот фудбалер навистина ќе го напушти Реал Мадрид, а на сите љубители останува да го чекаат крајниот исход.