Дома Фудбал Италија Најголемата клупска легенда на Интер може да стане – претседател на клубот!?

Најголемата клупска легенда на Интер може да стане – претседател на клубот!?

zanetti

Според италијанските медиуми, претседателот на Интер, Ерик Тохир би можел да го напушти клубот во октомври оваа година.

Тохир е претседател на клубот пет години и тој се уште поседува 30’% од клубот. Како што пренесува „Тутоспорт Тохир сака да го продаде својот дел во вистински момент, а тој смета дека тоа е октомври кога ќе биде одржан состанок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Причината поради кој тој сака да го продаде својот дел е Лигата на шампиони. Клубот конечно се избори за настап во најелитното европско натпреварување, па тој смета дека сега би заработил повеќе пари.

Нов претседател на Интер во тој случај би можел да стане синот на Жанг, Стивен, но „Тутоспорт“ не ја отфрла можноста на претседателската функција да седне легендарниот – Хавиер Занети!

Занети е вистинска легенда на Интер, во овој клуб помина цели 19 сезони, а навивачите сигурно би биле воодушевени доколку го видат Аргентинецот во таква улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…