Одамна на сите им е јасно дека фудбалот стана многу профитабилен и одржлив бизнис модел, па листите на највредните клубови во светот често носат изненадувања.
Не толку поради нивната големина и богатство, колку поради резултатите на теренот, кои понекогаш не ја следат вредноста на клубовите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така, сајтот специјализиран за спортски бизнис „Спортико“ објави листа на највредните фудбалски клубови во светот во моментов, а големо внимание привлече фактот дека прв на листата е Манчестер Јунајтед со вредност од 6.200.000.000 долари. .
Од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Јунајтед не бележи врвни резултати бидејќи домашните купови освоени заедно со една Лига Европа сигурно не ги задоволуваат амбициите на навивачите, но ниту оправдуваат големите инвестиции.
Втор на листата е финалистот од Лигата на шампионите Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.
Ливерпул е на четвртото место со 5.110.000.000 долари, а Баерн Минхен вреди 4.880.000.000 долари.
Интересно, Манчестер Сити е само шести со вредност од 4.750.000.000 долари и покрај огромните инвестиции од доаѓањето на сопственикот од Обединетите Арапски Емирати, а на листата има дури пет клуба од МЛС лигата.