Албанскиот клуб Скендербег ќе биде казнет како никој претходно.
Албанските медиуми утрово лансираа вест повикувајќи се на документи од УЕФА дека Скендербег ќе биде исфрлен од УЕФА натпреварувања во следните 10 години. Плус ќе мора да плати и казна од 1 милион евра, а сето тоа поради местење на натпревари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Казната навистина звучи брутално и не се памети сличен случај во историјата на европскиот фудбал.
Но, треба да се земе предвид дека УЕФА се уште официјално ја нема потврдено оваа информација.