Дома Фудбал Останато Најбогатиот Африканец сака да го купи Арсенал, познато и колку треба да го плати

Најбогатиот Африканец сака да го купи Арсенал, познато и колку треба да го плати

Нигерискиот милијардер Алико Данготе е спремен да го купи Арсенал.

Афричкиот тајкун има план во 2021 година да заплови во фудбалските води и да стане сопственик на Арсенал.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Данготе изјави дека сега фокусот му е на други интереси, но дека следната година може да испрати конкретна понуда за купување на Арсенал.

„Арсенал е тим кој сакам да го купам еден ден. Сепак, сега имам проект вреден 20 милијарди долари и фокусиран сум на него. Откако ќе ја завршиме изградбата на новата фирма, можеби во 2021 ќе го купиме Арсенал. Да потенцирам, нема да го купам сега, ќе се обидам да го купам кога ќе ги завршам сите проекти“, изјави Данготе.

Колку би морал да издвои за купување на Арсенал?

Боб Ретклиф кој работи како шеф за фудбалскиот дел на Инеос тврди дека сите во Англија се на продажба.

„За да купите некој клуб од големата шестка во Англија потребно е да платите најмалку две милијарди фунти. Некој друг клуб во ПЛ ќе ве чини помеѓу 150 и 350 милиони фунти, но сите се на продажба“, откри Боб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Манчестер сити не би се се двоумела да потпише за Реал Мадрид

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити би сакал да се приклучи на Реал Мадрид, според…