Каталонскиот гигант Барселона во медиумите важи за најголем фаворит за доведување на холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт од редовите на Ајакс.
Често се пишуваше за тоа дека 19 годишниот стопер веќе ја избрал Барселона за своја наредна дестинација, иако во своите редови сакаат да го видат уште неколку тимови како Јувентус, Баерн, Реал Мадрид…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најгласен во тврдењата дека Де Лихт ќе тргне по стапките на неговиот соиграч од Ајакс Де Јонг кој го комплетираше трансферот во Барселона и ќе пристигне во летото кое следи беше шпанскиот „Мундо Депортиво“. Овој медиум во изминатиот период неколку пати излегуваше во јавноста дека Де Лихт прифатил да премине во Каталонија.
Сега на оваа тема зборуваше самиот Де Лихт и порача дека таквите најави немаат врска со вистината и дека тој се уште е играч само на Ајакс.
„Знам дека подолго време многу се пишува за мене. Прочитав на многу места дека сум нов играч на Барселона, но јас сум се уште играч само на Ајакс. Очигледно дека треба да си го сменат изворот на информации“, порача Де Лихт и додаде:
„Не работам на заминувањето. Апсолутно ништо не се случува и фокусиран сум на завршницата на сезоната“, изјави Де Лихт.
Цената на младиот фудбалер изнесува околу 60-70 милиони евра, а наводно Барселона е спремна да му понуди плата од 16 милиони евра по сезона.