Дома Фудбал Лига на шампиони НАЈАВА Хофенхајм -Манчестер Сити: Што знае „дете“ што е англиски шампион

НАЈАВА Хофенхајм -Манчестер Сити: Што знае „дете“ што е англиски шампион

Хофенхајм и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите во второто коло од Лигата на шампиони. Ова ќе биде поправен испит за тимот на Гвардиола кој доживеа шокантен пораз во првото коло од Лион. Од друга страна Нагелсман тврди дека има идеја како да ги порази „граѓаните“.

Што знае „дете“ што е англиски шампион

Германската екипа оваа сезона за прв пат игра во Лигата на шампиони и своето деби го имаше против Шахтјор и остана непоразена на гостувањето во Украина (2:2). Ова можеби е и најголемиот домашен натпревар во ниваната историја бидејќи ќе играат против актуелниот англиски шампион. Тимот на Нагелсман игра „топло-ладно“ оваа сезона и има три победи, две ремија и три порази во сите натпреварувања, притоа на седум од тие осум меча паднаа три или повеќе голови.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


31-годишниот Нагелсман кој е најмлад тренер во историјата на ЛШ, добро го познава Пеп Гвардиола од времето кога каталонскиот стратег го предводеше Баерн Минхен. Меѓутоа, помалку наивно и со голема самодоверба изјави дека има план како да ги победи „граѓаните“. Младиот стратег притоа има проблем со повредите, па за овој меч нема да може да смета на Бенџамин Хјубмер, Ермин Бичакчиќ, Нордвајт, Денис Гајгер и Ликас Руп.

Гвардиола нема право на уште една грешка

Во Премиер лигата работите се одвиваат одлично за тимот на Гвардиола, но поразот од Лион на „Етихад“ во првото коло од ЛШ ги стави во незгодна позиција. Манчестер Сити е еден од главните фаворити во ова натпреварување и не веруваме дека ќе отпадне од групната фаза, но сега повеќе нема простор за уште една грешка. Со поразот од Лион, Сити стана првиот клуб во ЛШ кој загубил четири меча со ред во ова натпреварување.

Меѓутоа, тимот се консолидираше после тој пораз и запиша три победи со ред, па сигурно во Германија доаѓа по трите бода. Тимот на Гвардиола не е поразен во последните седум гостински натпревари во сите натпреварувања, притоа запиша 6 победи на тие седум меча. Бенџамин Менди е под знак прашалник за овој меч, но добрата вест е што Компани и Стоунс ќе му бидат на располагање на Гвардиола.

Веројатни состави:

Хофенхајм: Бауман, Хогма, Пош, Кедербек, Битенкур, Грилич, Крамариќ, Шулц, Салаи, Белфодил.

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Компани, Лапорте, Делф, Бернардо Силва, Фернандињо, Марез, Стерлинг, Сане, Жесус.

Според букмејкерите Манчестер Сити е голем фаворит на овој меч. Така според Coinbet24 коефициентот за победа на „граѓаните“ изнесува 1.35 за реми 5.40 додека за победа на домаќините коефициентот е 7.90

Предлог типови

Победа на Сити на полувреме и крај @1.90 во Coinbet24

Повеќе од 3,5 гола @2.01 во Coinbet24

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…