Дома Останати Тенис Родик: Алкараз има една предност против Синер која никој друг ја нема

Родик: Алкараз има една предност против Синер која никој друг ја нема

Најочекуваниот натпревар оваа година – финалето на мастерсот во Рим помеѓу Карлос Алкарас и Јаник Синер – и понатаму ја привлекува вниманието на тенискиот свет. Неизвесниот прв сет, потоа уверлива победа на Шпанецот во вториот сет многумина ја припишуваат и на фактот што за најдобриот тенисер во светот овој беше прв турнир по завршувањето на тримесечната суспензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од друга страна, ова беше четврта последователна победа на Алкарас против Синер, не изгуби од него речиси година и половина, уште од полуфиналето на Кинескиот опен во Пекинг, во октомври 2023 година. Значи, долга пауза не е единствениот причинител.

Енди Родик, поранешниот број 1, токму тој детал го коментира во интервју за „Тенис Ченел“:

– Карлос има една предност против Јаник која другите тенисери ја немаат – истакнува Американецот. – Неговата широка палета на удари го прави непредвидлив за противниците, а тоа е она што на Синер не му одговара. Ако тој знае што ќе играте против него, ќе ве победи. Но, ако не знае, тогаш имате добра шанса, а токму тој квалитет го поседува Алкарас.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…