Дома Фудбал Португалски интернационалец го засили Силекс

Португалски интернационалец го засили Силекс

Македонскиот фудбалски вицешампион Силекс од Кратово веќе ги прави првите чекори во оформувањето на тимот за наредната сезона, во која ќе настапува и на европска сцена.

Денеска клубот официјално објави дека ги обезбедил услугите на португалскиот играч за врска, 28-годишниот Мигуел Пиреш.

Пиреш пристигнува од кипарскиот клуб Диегенис Акритас, а во својата кариера има настапувано и за неколку други тимови на Кипар, меѓу кои Агиа Напа, Ахронас и Онисилос Сотира. Својата кариера ја започнал во Португалија, каде што играл за неколку помали екипи, стекнувајќи солидно интернационално искуство.

Фото: Силекс ФК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …