Дома Фудбал Меси застана пред камерите и прозборе за тешките денови

Меси застана пред камерите и прозборе за тешките денови

Легендарниот Лионел Меси ретко се појавува пред камерите, особено веднаш по натпреварите, но овојпат направи исклучок и прозборе за тешкиот период низ кој поминува неговиот Интер Мајами. Последните резултати на тимот се далеку под очекувањата, а Аргентинецот реши, на шпански јазик, да го сподели својот поглед на ситуацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако на почетокот од сезоната ги најавуваа амбициите за титула во МЛС лигата, Меси и тимот моментално поминуваат низ сериозна криза на форма. Интер Мајами е елиминиран од Купот на шампиони, а во последните седум натпревари во лигата забележаа само една победа.

Во разговор за „Епл ТВ“ со новинарот Мајкл, Меси ги сумираше сите фрустрации кои се натрупуваат последните недели.

– Тешко е времето, но ќе го надминеме. Сега ќе видиме дали навистина сме тим. Кога сè оди лесно, сите се задоволни, но во вакви моменти треба да бидеме обединети повеќе од било кога. Ова се вистинските тестови за тимот, рече Меси.

И покрај падот на формата, Интер Мајами сепак се држи во горниот дел од табелата – моментално се шести. Меси верува дека работите можат да се променат и дека тимот има шанса да го поправи впечатокот во продолжението на месецот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паника во Аргентина: Дали Меси го одигра последниот натпревар за репрезентацијата (Видео0

Спортската јавност во Аргентина, особено оние љубители на фудбалот, овие денови имаат само…