Дома Фудбал Репрезентации НАЈАВА Холандија – Германија: Спектаклот е загарантиран!

НАЈАВА Холандија – Германија: Спектаклот е загарантиран!

Една од најјаките групи во новоформираното натпреварување на Лигата на нации, денес ни го носи дуелот помеѓу Холандија и Германија, што секако е и дерби на денот. Овој дуел е на програмата денес од 20:45.

Холанѓаните со години без настап на големите натпреварувања

Репрезентацијата на Холандија после многу сушни години во кои не успеаа да се пласираат на Светското и на Европското првенство, сега имаат само една цел, а тоа е да се пласираат на Европското првенство во 2020 година. Тешко е дека до оваа цел ќе дојдат преку Лигата на нации, бидејќи распоредот не е на нивна страна. Интересно е тоа што со нив во група се Германија и Франција. Првото коло им донесе гостување во Франција и во еден момент имаа резултат од 1:1, но сепак на крајот претрпеа пораз.

Германците мора да ги оправдаат грешките од Мундијалот


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија се наоѓа во најголемата криза во последниве 10 години. На Мундијалот во Русија имаа реалативно лесна група, но натпреварувањето го завршија како последни во таа група и мораа да ги спакуваат куферите и да заминат на пат за Германија. Лигата на нации Германците ја започнаа со натпревар против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Франција. Во меѓувреме неколку фудбалери се простија од националниот дрес но во тимот се враќа Сане, од кого се очекува многу во овој натпревар.

Целосниот текст прочитајте го на kladenje.mk 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …