Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Англија – Саудгејт со млади сили предводени од Хари Кејн е „фаворит од сенка“!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Англија – Саудгејт со млади сили предводени од Хари Кејн е „фаворит од сенка“!

england

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Стигнавме до групата Г, од каде што денес прва ќе ви претставиме селекцијата на – АНГЛИЈА!

АНГЛИЈА

Англија во својата историја ќе го забележи 15-тиот настап на светските првенства. Во 1966 година успеаа и да стигнат до светската титула, a вториот најголем успех го забележаа во 1990 година кога стигнаа до четвртото место.

Англија заедно со Белгија е главен фаворит за првото место во групата Г. Мундијалот селекцијата предводена од Герет Саудгејт ќе го отвори со натпревар против Тунис, а пет дена подоцна ги очекува натпревар против Панама.

Во третото коло Англичаните ги очекува веројатно најважниот (во случај да нема изненадувања) натпревар, натпревар кој можеби ќе го одлучува победникот во оваа група, ќе играат против Белгија.

„Гордиот Албион“ место на Мундијалот обезбеди како убедливо првопласирана селекција во групата Ф каде што освоија 26 бодови, но и очекувано беше во конкуренција на Словачка, Шкотска, Словенија, Литванија и Малта да завршат како лидери.

Aнгличаните на Мундијалот ќе настапат во гарнитура дизајнирана од „Најк“.

Како и сите репрезентации, познат е и списокот на фудбалери на Англичаните каде што прва ѕвезда на оваа генерација секако е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Како најголемо изненадување може да се смета изоставувањето на некогаш првиот голман, Џо Харт.

Коефициентите за Мундијалот веќе се објавени, па така обложувалницата „Coinbet24“ ja гледа Англија како втор фаворит за победник на групата и добива коефицент од 2.25, пред „Гордиот Албион“ е Белгија со 1.85.

За победа во првиот натпревар против Тунис, Англија добива коефициент од 1.39, додека за изненадување и победа на Тунис „Coinbet24“ доделува коефициент од 9.20, а за реми 4.45.

Против Панама исто така Англија е огромен фаворит, па за победа добиваат коефициент од 1.22, па се освен победа на „Гордиот Албион“ би било изненадување. Панама добива коефициент од 14.60, додека за реми 6.10.

Дербито на групата се игра во третото коло кога ќе се сретнат Англија и Белгија. Во овој натпревар Англија добива коефициент од 2.86, Белгија добива 2.54, а за реми коефициентот изнесува 3.25.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…