Дома Фудбал Шок за Баерн. Пред натпреварот на сезоната остана без асот од 140 милиони евра

Шок за Баерн. Пред натпреварот на сезоната остана без асот од 140 милиони евра

БАЕРН освои важна победа во баварското дерби од 28. коло на Бундеслигата, 3:1 против Аугсбург. Но, германскиот лидер не го слави овој триумф. Причината за тоа, изгледа, е сериозната повреда на клучниот играч Џамал Мусиала.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Домаќинот поведе во 30. минута преку Димитрис Јанулис, но баварците одговорија со головите на Мусиала во 42-та минута. Хари Кејн направи пресврт во 60-та, а Лерој Сане во судиското продолжение.

Шест кола пред крајот на првенството, Баерн ја зголеми предноста на врвот на табелата на девет бода пред актуелниот шампион Баер Леверкузен, кој има натпревар помалку. Сепак, победата остана во сенката на повредата на Мусиала.

Тој се сруши на теренот во 55-тата минута без контакт со противник и мораше да биде заменет поради проблеми со задната ложа. Ситуацијата можете да ја погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…