Дома Останати Кошарка Јокиќ: Имавме 25 изгубени топки, така не можеме да се победи!

Јокиќ: Имавме 25 изгубени топки, така не можеме да се победи!

Денвер Нагетс го запиша и третиот последователен пораз. По поразите од Минесота и Сан Антонио, франшизата од Колорадо претрпе пораз и од Голден Стејт – 104:118.

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар, постигна 33 поена со 12 скокови и девет асистенции, но повторно остана без вистинска поддршка. Неколку пати камерата го улови незадоволството на Јокиќ од играта на неговиот тим.

По натпреварот, српскиот ас зборуваше за медиумите, а првото прашање кое му беше поставено беше што се случи по првата четвртина во која Денвер постигна дури 44 поени.

„Го променија ритамот на натпреварот, но мислам дека не беше лесно ни во првата четвртина. Ние само погодувавме и побрзо стигнувавме до 50-50 топки, игравме одбрана и добро скокавме. Потоа не изгледавме организирано, имавме 25 изгубени топки и така не можеме да победиме на гостување”.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…