Дома Моторспорт Драматична сцена: Возач во Ф1 остана без гума при брзина од 300 км/ч (Видео)

Драматична сцена: Возач во Ф1 остана без гума при брзина од 300 км/ч (Видео)

Особено импресивен момент на третиот слободен тренинг од Големата награда на Јапонија се случи кога 20-годишниот Габриел Бортолето, возач на Заубер, го спаси својот болид од излетување од патеката откако му пукна гума при брзина од 300 km/h во познатиот свијок 130R на патеката Сузука, за многумина најдобар свиок во светот кога е Формула 1 во прашање.

Бортолето успеа да го стабилизира болидот со рефлексна реакција и преку радио комуникација го објасни на тимот што се случило. Формула 1 објави видео на реакцијата и комуникацијата на својот официјален профил на X.

.

Фото: Printscreen F1/Twitter (X)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Расел издоминира во Баку, Антонели најголем губитник

Британецот Џорџ Расел се круниса со победа на Големата награда на Азербејџан, во трка каде…