Манчестер Сити има тешка задача на реванш мечот од ¼ финалето во Лигата на Шампиони против Ливерпул. Негативата од три гола е речиси недостижна, но граѓаните се надеваат на чудо. Ќе следиме доста интересен меч, каде домаќинот е фаворит но Ливерпул покажа дека не се шегува и дека може против секого и далеку во Лигата на Шампиони.
Бедна недела за Сити
Манчестер Сити ја пропушти шансата да ја запечати титулата во Премиер Лигата против своите огорчени ривали, Манчестер Јунајтед. На Етихад во саботата, Сити не успеа да ја искористи предноста од два гола и загуби со 3:2. Тој меч го наведе тренерот Пеп Гвардиола да признае дека неговиот систем може да биде погрешен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Граѓаните неколку дена пред тој дуел, загубија и од Ливерпул во првиот меч од Лигата на Шампиони кога примија три гола за 19 минути. Интересно, но и против Јунајтед во саботата тие примија три погодоци за само 16 минути. Шест гола примени на два меча и тоа во толку краток временски интервал значат само едно, катастрофа.
Сепак, Шпанецот останува посветен на својот систем и покрај тоа што напомена дека нешто не чини, бидејќи за прв пат по пристигнувањето во Англија загуби на два меча по ред. Гвардиола најавува ултра офанзивна формација и атак уште од првата минута, па јасно е зошто сите очекуваат супер интересен меч во вторник.
Серхио Агуеро се очекува да започне во нападот бидејќи се опорави од повредата, додека Кевин Де Брујн и Кајл Вокер ќе се вратат во првиот тим откако се одмараа во саботата. Останува да се види дали Винсент Компани може да започне три натпревари во една недела, што значи дека Џон Стоунс би можел да изостане од почетниот единаесет.
Клоп има проблем во средината, но има посвежи фудбалери
Предводникот на Ливерпул, Клоп го одмараше и ротираше својот тим на Мерсисајд дербито во саботата на Гудисон Парк. Мохамед Салах не беше во составот, додека Робертсон, Александар-Арнолд, Фирмино и Алекс Окслејд-Чембрлен започнаа на клупата.
Сите петмина се очекува да се вратат во првиот тим. Сепак Јирген Клоп има проблем во срцето на средниот ред, бидејќи и Емре Кан и Јордан Хендерсон нема да настапат на овој меч. Вијналдум треба да ја удвои улогата заедно со Џејмс Милнер и Окслајд-Чембрлен во полето што се очекува да биде клучна бојно поле на Етихад.
Во меѓувреме, Клоп најави дека нема да се брани во Манчестер. Германецот додаде: “Ние ќе ја одиграме нашата игра. Тоа е она што секогаш го правиме”.
Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk