Дома Фудбал Англија Натпреварот против Сити е шанса за Алиоски, Биелса му порача – докажи се!

Натпреварот против Сити е шанса за Алиоски, Биелса му порача – докажи се!

Како што изјави тренерот Марсело Биелса македонскиот репрезнетативец Езгјан Алиоски во сабота за првпат ќе биде стартер за Лидс во Премиер лигата.

Алиоски во претходните натпревари одигра 20-тина минути со Фулам и неколку минути против Шефилд. Сега Џани ќе има шанса да се докаже затоа што Џек Херисон кој е позајмен од Манчестер Сити нема да има право на настап против својот матичен клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Биелса пред натпреварот отворено му порача на Алиоски дека ова е неговата шанса да се докаже.

„Херисон е навистина важен играч за нашиот тим и секако не е добро што нема да може да игра. Алиоски знае да одигра добро, па и подобро од Херисон, меѓутоа тука е натпреварот и ќе треба да го покаже тоа на теренот“, изјави Биелса.

Алиоски ќе потсетиме за Лидс играше 90 минути во Лига Купот против Хал. Во тој натпревар постигна гол во 90 минута за изедначување сепак, Лидс го загуби тој натпревар на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Душан Влаховиќ на праг на најголемиот трансфер во кариерата – еве ги деталите!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека …