Дома Фудбал Останато Настаните кои ја обележаа 2020 во светот: Коби, Диего, Меси, Роналдињо…

Настаните кои ја обележаа 2020 во светот: Коби, Диего, Меси, Роналдињо…

Пандемијата секако е главна тема во 2020, година која светот нема да ја памети по добро. Оваа година беше обележана со многу настани, за жал добар дел од нив беа тажни.

Спортот претрпе тешки загуби во 2020, а пандемијата со коронавирусот сериозно влијаеше на се во светот затоа што моравме да се навикнеме на „нови правила“: Натпревари без публика, држење дистанца, откажување на натпревари…Но, сега ќе ве потсетиме на најголемите настани кои не се поврзани со коронавирусот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Секако на секој Македонец прво што му паѓа на памет е пласманот на Македонија на првото сениорско Европско првенство и тоа е нешто кое нас секако ни ја направи до некаде годината подобра. Еве што се случуваше во светот:

СМРТТА НА КОБИ БРАЈАНТ

Светот на 26. јануари 2020 година остана без еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Легендарниот кошаркар го загуби животот во хеликоптерска несреќа зедно со неговата ќерка. Трагедијата остави трага во целиот свет.

СМРТТА НА ДИЕГО АРМАНДО МАРАДОНА

Уште еден ден во 2020 година кој ќе остане запаметен како „црн“ во спортскиот свет – 25 ноември, денот кога почина Диего Армандо Марадона. Легендарниот аргентински фудбалер почина на 60 години во неговиот дом во Буенос Аирес како последица од срцев удар. Марадона имаше нарушено здравје и претходно. Неколку недели пред смртта му беше направена операција на мозокот и информациите беа дека добро се опоравува. Од Марадона се простија милиони луѓе ширум светот.

РОНАЛДИЊО ВО ЗАТВОР

Светот на почетокот на март беше шокиран со информацијата од Парагвај дека уапсен еден од најдобрите фудбалери на 21. век. Бразилецот заврши зад решетки со неговиот брат бидејќи се обиде да влезе во земјата со лажни документи. Неверојатни сцени ни пристигнуваа од Парагвај во тие денови. После 32 дена поминати во затвор Роналдињо помина и некое време во куќен притвор во главниот град на Парагвај – Асунсион. Потоа конечно беше пуштен на слобода и се врати во неговиот Бразил.

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈАТА НА ЃОКОВИЌ ОД УС ОПЕН

Најдобриот тенисер во светот беше дисквалификуван од 4. коло на УС Опен кога случајно ја погоди со топка линиската судијка Лара Кларк која изреагира и по малку театрално.

БАЕРН ЈА ПОБЕДИ БАРСЕЛОНА СО 8:2

Фудбалски 2020 ја обележи Баерн Минхен кој освои се што можеше да се освои – Лига на шампиони, Бундеслига, Куп на Германија и Суперкуп на Европа, а за светската титула ќе се бори од 1. до 11 февруари. Посебно спектакуларен Баерн беше во четвртфиналето од Лигата на шампионите кога ја понижи Барселона со 8:2.

МЕСИ БАРАШЕ ДА СИ ОДИ ОД БАРСЕЛОНА

Вистински „земјотрес“ го погоди „Камп Ноу“ на 25 август кога Меси преку бурофакс побара да ја напушти Барселона. На Аргентинецот му беше доста од лагите и лошото раководење на првиот човек Хозе Марија Бартомеу кој подоцна си замина. Меси остана во Барселона за целата работа да не заврши на суд и се уште не е сигурно дека ќе остане во Барселона после оваа сезона кога му завршува договорот.

Секако имаше уште настани, па ќе ги споменеме: Ливерпул стана шампион после 30 години, Ајакс победи 13:0 во домашното првенство, Германците изгубија од Шпанија 0:6, Лејкерси ја освоија титулата после 10 години, а Леброн му се доближи на Џордан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Канатларовски испрати порака до фудбалерите: Треба да разберат дека Македонија секогаш е на прво место!

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подгото…