Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри и понатаму е без ангажман откако на почетокот од годината го раскина договорот со Анталиаспор.
Насри го напушти турскиот клуб поради финансиски проблеми и сега е во обид да најде нова средина, а според пишувањата на медиумите, би можел повторно да заигра во Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За услугите на 30-годишниот фудбалер интерес покажа прволигашот Лас Палмас, кој на големо бара замена за Џонатан Виера кој се пресели во Кина.
Преговорите помеѓу двете страни се веќе воспоставени. Во Лас Палмас се надеваат дека ќе успеат да го убедат Насри да дојде и да му погне на клубот во борбата за опстанок. Сепак, тоа нема да биде лесно, бидејќи французинот на маса има уште неколку понуди. Помеѓу останатите се понудите од Вест Хем и Зенит.
Лас Палмас во шпанската Ла Лига моментално се наоѓа во опасната зона, односно на 18 позиција.