Лионел Меси во изминатото лето беше принуден да ја напушти Барселона, а наскоро би можел да игра против своите соиграчи.
Иако Барселона беше елиминирана од Лигата на шампионите Меси би можел со Каталонците да се сретне пред почетокот на наредната сезона. Наводно, Барса и ПСЖ можат да бидат гости на турнеа во Австралија по крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека Австралија сака да биде домаќин на Барса, ПСЖ и Манчестер Јунајтед кон крајот на мај. Клубовите секако би добиле огромни пари, што би било и единствениот мотив за да ја прифатат понудата.
Доколку тоа се случи Меси за првпат ќе игра против својата Барса, па натпреварот сигурно и тоа како ќе добие на внимание. Не треба да се потсетува што Меси направи за каталонскиот гигант за 21 година колку што се задржа во клубот.