Наполи подготвува жалба против одлуката Серија А за службена победа на Јувентус поради тоа што Наполи не пристигна во Торино за дербито кое требаше да се одигра на 5-ти октомври.
Наполитанците исто така ќе поднесат жалба против одлуката да му се одземе еден бод на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Апелацискиот суд на спортот ќе ја разгледа жалбата на клубот од Неапол кон крајот на октомври или почетокот на ноември и ќе донесе одлука.
За потсетување, Наполи загуби со службен пораз бидејќи не се појавија на натпреварот против Јувентус. Наполитанците своето отсуство го објаснија со фактот дека локалните власти им забранија да патуваат во Торино бидејќи имаа двајца фудбалери позитивни на Ковид 19.