Дома Фудбал Италија Наполи ќе го освои Скудетото, но рекордот на Јувентус нема да го сруши

Наполи ќе го освои Скудетото, но рекордот на Јувентус нема да го сруши

Наполи до минатиот викенд имаше само два нерешени натпревари и два порази во првите 27 кола од Серија и постоеше теоретска шанса да го сруши рекордот на Јувентус кој под водство на Антонио Конте во сезоната 2013/2014 освои 102 бода.

Тогаш Јувентус во 38 натпревари не победи само на пет натпревари, двапати беше поразен и трипати ремизираше.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со дебаклот против Милан (4:0) Наполи изгуи математички шанси да го достигне тој рекорд на „старата дама“. На десет кола пред крајот клубот од Неапол има 71, 31 помалку од рекордот, а на располагање до крајот се уште 30 бодови.

Сепак и понатаму има можност да ја надмине границата од 100 бода и да стане само втора екипа во Италија на која тоа и успеало во 38 натпревари.

За математички да го обезбеди Скудетото на Наполи му се потребни само уште 15 бодови затоа што во овој момент има 16 повеќе од второпласираниот Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…