Дома Македонски спорт Наполи ја одредил цената за Елмас!

Наполи ја одредил цената за Елмас!

Наполи кој игра одлично сезонава и е многу блиску до Скудето во Серија А му вметнал откупна клазула во висина од 50 милиони евра и само ако некој ја понуди оваа сума може да си замине од Неапол.

И оваа сезона Елмас нема улога на стартер во Наполи и игра како „џокер“ од клупата, меѓутоа и така Елмас има најефикасна сезона од кога е во Наполи со пет постигнати голови. Лучијано Спалети го ротираше на неколку позиции во средниот ред.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Токму опцијата да може да игра на повеќе позиции во средниот ред е главната причина поради која Наполи не сака да се откаже од неговите услуги.

Новинарот Франческо Модуњо на „Теленовело“ повикувајќи се на извори блиски до клубот објави колкава е цената на македонскиот фудбалер.

„Елмас сега е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена. Наполи сака да го продаде само за 50 милиони евра. Ако се најде купувач нема да биде за помалку пари“, изјави Модуњо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…