Раководствата на Наполи и Болоња постигнаа договор за трансфер на Симоне Верде, пренесуваат италијанските медиуми.
24-годишниот офанзивен играч за врска ќе се пресели на „Сан Паоло“ за 24 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лично претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис ги финализирал преговорите со челните луѓе на Болоња. Сега останува уште фудбалерот да ги договори личните услови со лидерот во Серија А.
Верди е дете на Милан, а од 2016 година е во сопственост на Болоња, а оваа сезона буквално „експлодира“ и на 20 настапи постигна 6 гола и запиша 5 асистенции.
Италијанските медиуми пренсуваат дека „росонерите“ ќе добијат 20% од вкупната сума од трансферот.