Фудбалерот на Наполи и нигериски репрезентативец, Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата.
Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па и преговорите за нов договор се во застој.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Наполи ќе биде приморан да го продаде на лето, а Осимен никогаш не ја криел желбата да игра во Премиер лигата.
Последните информации од Островот се дека Тотенхем се вклучил во трката за потписот на Нигериецот.
Тотенхем игра одлична сезона, но во Осимен гледа долгорочна замена за Хари Кејн и сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе уште во јануари.
Имено, „Спарси“ спремиле понуда од 120 милиони евра, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го продаде на средина од сезоната.