Дома Фудбал Италија Наполи остана без шампионско славје, Спалети тврди дека вака е послатко

Наполи остана без шампионско славје, Спалети тврди дека вака е послатко

Денес целиот Неапол беше на нозе и се беше спремно за прослава на шампионската титула на Наполи.

Меѓутоа, Наполи во последните минути испушти победа против Салернитана, па Елмас и дружината ќе треба да почекаат за да го освојат Скудетото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тренерот Спалети не беше разочара и истакна дека вака е послатко бидејќи прославата ќе трае подолго.

„Секако, момците се многу разочарани што не можеа да ја израдуваат оваа прекрасна публика, но знаевме дека ова се најтешките поени кои треба да ги освоиме. Салернитана се сериозен тим со силна одбрана, а бевме малку наивни со голот кој го примивме“.

„Ја почувствувавме љубовта со нашите уши, знаеме дека го претставуваме сонот на овие луѓе. За мене, вака само задоволството ќе биде подолго и не се чувствуваме неудобно на првото место на табелата. Прославата вака ќе трае подолго и Скудетото ќе биде послатко“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рафиња тврди дека Барса е оштетена, ова е реакцијата на голманот на Атлетико

Ѕвездата на Барселона, Рафиња (29), беше видно разочаран по реванш натпреварот во четвртфи…