Наполи започнал преговори со плејмејкерот на Удинезе, Лазар Самарџиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тој игра одлично во Серија А, па го привлече вниманието на многу клубови, меѓу кои Барселона и Милан.
Наполи наводно сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе во своите редови, бидејќи се појавија информации дека Елмас сака да ја промени средината.
Самарџиќ е многу сличен фудбалер на македонскиот репрезентативец и во Наполи веруваат дека ќе биде идеална замена.