Дома Трансфер зона Наполи го потврди третото летно засилување

Наполи го потврди третото летно засилување

Eкипата на Наполи денеска го промовираше засилување во одбраната и потпиша договор со еден од најпреспективните стопери во Серија А.

Алесандро Бонџорно е нов играч на Наполи и тој доаѓа од редовите на Торини. Наполи за неговите услуги ќе плати сума од 35 милиони евра. Договорот кој го потпиша дефанзивецот со клубот од Неапол е со важност до 2029 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бонџорно е трето засилување за тимот на Антонио Конте. Претходно пристигнаа Рафа Марин, исто така стопер за 12 милиони евра и левиот бек Спинацола за кого Наполи не плати оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…