Дома Фудбал Наполи го засили средниот ред со играч од Премиер лигата

Наполи го засили средниот ред со играч од Премиер лигата

Хамед Траоре (23) се пресели во Наполи од Бормунт, соопшти италијанскиот фудбалски шампион.

Траоре потпиша за Наполи на позајмица до крајот на оваа сезона со опција за откуп на договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека отштетата за 23-годишниот играч од средниот ред би изнесувала околу 25 милиони евра.

Траоре на тој начин ќе се врати во италијанското првенство каде веќе настапуваше за Сасуоло.

Потоа беше позајмен, па продаден на Бормунт. Играше и за Емполи. Наполи моментално е на осмото место со 31 бод, дури 20 помалку од лидерот Интер.

Да потсетиме, во зимскиот преоден рок Наполи го напушти нашиот репрезентативец Елмас, кој премина во Лајпциг за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Изминаа речиси три години откако Белгиецот Един Азар, по бурниот период исполнет со повред…