Един Џеко игра во фантастична форма и поради тоа е лидер помеѓу стрелците во Серија А.
Тој денеска одговараше на прашањата од навивачите на Рома кои му ги поставуваа преку официјалната страна на клубот, а помеѓу нив имаше и неколку навистина интересни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текто на овој „разговор” со навивачите Џеко откри и за кои два натпревари најмногу ќе жали оваа сезона.
„Навистина жалам за два натпревари. Првиот е реваншот против Лион во Лигата на Европа, а вториот е полуфиналето во Купот на Италија против Лацио”, изјави Џеко.
Да потсетиме, Рома беше елиминирана од Лион во осминафиналето од Лигата на Европа, а исто така беа елиминирани и од Лацио во италијанскиот куп.
Џеко во овој момент е повреден и за жал на навивачите на римскиот клуб ќе го пропушти големото дерби против Јувентус кое се игра овој викенд.