Maнчестер Јунајтед во последниот ден од преоднот рок го доведе Одион Игало од Шангај Шенуоха.
Откако Игало потпиша за Јунајтед британските медиуми објавија дека прилика да го доведе 30 годишниот Нигериец имала и Астон Вила. Според информациите клубот од „Вила Парк“ 24 часа пред Игало да потпише за Јунајтед одбил да го доведе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата информација ја објави „Скај Спорт“.
Тренерот на Астон Вила, Ден Смит оваа зима беше во потрага по уште еден напаѓач за да го засили тимот поради повредата на Весли. Смит разгледувал опции и добил шанса да го доведе Игало, но ја одбил таа можност.
Тоа очигледно го искористил Јунајтед кој експресно реагираше и го доведе Игало. Во Јунајтед веруваат дека Игало може да помогне во отсуство на повредениот Рашфорд.