Македонскиот претставник на Параолимписките игри во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.
Бикова, откако беше осма во квалификациите, во финалето, со резултат 147,9, го освои шестото место. Јаванмарди од Иран го освои златниот медал, а сребрен и бронзен медал освоија Пехливанлар од Турција и Давид од Унгарија.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Оливера ќе има уште две шанси да осови медал на Параолимписките игри во Токио, бидејќи е пријавена и во дисциплините 25 и 50 метри воздушен пиштол. Во дисциплината 25 метри ќе настапи веќе на 2 септември, додека медал на 50 метри ќе лови на 4 септември.