Фудбалерот од средината на Рома и репрезентацијата Белгија, Раџа Наинголан, неодамна изјави дека ја завршува репрезентативната кариера во националниот дрес, но после разговорот со директорот на Рома, Мончи, Белгиецот ја промени одлуката.
„Размислував да ја напуштам репрезентацијата, но потоа разговарав со директорот Мончи и одлучив да останам. Тој ми кажа: Ти мораш да играш на Светското првенство. И јас тоа сакам да го направам. Секогаш го кажувам она што го мислам и моите соиграчи знаат дека не сум јас тој кој што ги прави проблемите“, изјави Наинголан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез не го повика играчот од средината на Рома за квалификационите натпревари против Гибралтар и Грција.
„Тренерот излезе во јавноста со изјава дека треба да играме во силни шампионати за да добиеме повик. Не сум лут на Тилеманс и Витсел, тие се одлични фудбалери. Но, јас зборувам за принципот на работа. Ако топката е жолта, не може одеднаш да стане црвена. Го пропуштив Светското првенство во Бразил не сакам да останам и без Светското првенство кое ќе се одржи во 2018 година“, истакна Наинголан.