Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако го совлада Денис Шаповалов со 3:2 (6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3).
После повеќе од четири часа борба Надал успеа да дојде до топ четири на турнирот. Немаше лесна задача, иако се беше на негова страна во првите два часа борба. Во тој период Шпанецот освои два сета и имаше предност од 2:0, но потоа Шаповалов успеа да се врати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме на крајот на првиот сет се правеше голема пауза меѓу гемовите поради проблеми со абдоменот на Надал, Шаповалов покажа револт измеѓу првиот и вториот сет. Повеќе пати му порачуваше на судијата да го предупреди Шпанецот, но Карлос Бернардес тоа не го направи, на што Шаповалов бесно му одговори декае е корумпиран како и сите други.
Успеа да се врати во продолжение со освоени два сета и го израмни резултатот. Сепак, бекхендот не го служеше во финишот и Надал тоа знаеше да како да го искористи.
Така Надал се пласираше во полуфиналето каде што ќе игра против подобриот од дуелот Беретини – Монфис. Ќе потсетиме Надал се бори да го освои рекордниот 21-ви гренслем во кариерата.