Еден од најголемите борци во тенисот и еден од најдобрите тенисер во историјата Рафаел Надал изјави дека нема повеќе нема желба да се бори за првото место како некогаш.
Роџер Федерер со полни 63 години уште еднаш успеа да го освои Ротердам, а со тоа и се искачи на врвот на АТП листата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога во прашање е Федерер, Надал смета дека Федерер ја покажал својата класа без разлика дали е на првото место или не.
„Не мораше тој да се врати на првото место за да покаже кој е во тенисот. Тоа што го направи е многу тешко и јас можам само да му честитам. Ранкингот не лаже, беше подобар од мене во последните 12 месеци. Бев на едно првите две места долги години. Да се биде прв, трет или пет, за мене сеган е претставува голема разлика“, изјави Надал.
Надал во овие моменти се припрема за наредниот турнир во Акапулко каде што минатата година беше поразен во финалето од Сем Квери, иако сака да се натпреварува истакна дека првото место повеќе не му е приоритет.
„Она што ме прави среќен е што се чуствувам мотивирано со желба да ги освојам турнирите. Нема да се борам за првото место. Ќе се борам да ја завршам сезоната на најдобар можен начин“, заврши Надал.